Сослушувањето на “кумановската група„ е во завршна фаза

Сподели со своите пријатели

Сослушувањето на осомничените од кумановските настани од 9 мај годинава, е во финална фаза, а неколкумина од нив треба да бидат сослушани од јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за организиран криминал и за корупција во текот на оваа недела, соопштуваат од Јавното обвинителство.

Loading...

Од Обвинителството велат дека по комплетирањето на доказите, тие ќе им бидат дадени на увид на осомничените и на адвокатите на одбраната.

„Во Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, сослушувањето на осомничените е во финална фаза, неколкумина од осомничените во текот на наредните денови треба да бидат сослушани. По комплетирање на доказите, пред завршување на истражната постапка, истите ќе им бидат дадени на увид на осомничените и на одбраната“, стои во одговорот на Јавното обвинителство на прашањата на порталот МЕТА.

Во полициската акција, која пред точно три месеци, односно на 9 и на 10 мај, беше спроведена во кумановско Диво Насеље, загинаа осум припадници на специјалните полициски сили, а 37 беа ранети. Во акцијата беа ликвидирани десетмина припадници на вооружена група, а триесетина беа уапсени и осомничени за тероризам.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.