Сопственикот на ТикТок ги откри алгоритмите кои одредуваат што гледаат корисниците

Сподели со своите пријатели

Алгоритмите одредуваат што и по кој редослед гледаат корисниците на социјалните мрежи, а компаниите строго ги чуваат. Американските технолошки гиганти Мета и Алфабет успеаја да обезбедат статус на деловна тајна, забележува Би-Би-Си.

Loading...

Кинеската управа за сајбер простор (CAC) објави листа со описи на 30 алгоритми и планира да ја објавува редовно во иднина со цел да се спречи злоупотребата на податоците, се вели во соопштението.

 

 

На листата се и алгоритмите на компанијата за дигитална трговија Taobao, која е во сопственост на Alibaba.

Алгоритмот на Таобао „препорачува производи или услуги на корисниците врз основа на нивниот дигитален отпечаток и податоците од пребарувањето“, се вели во документот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Орион ја заврши својата мисија околу Месечината и се упати кон Земјата

Алгоритмот на ByteDance за Douyin, кинеската верзија на TikTok, наводно ги мери интересите на корисниците врз основа на кликови, коментари и допаѓања.

Loading...

ByteDance одби да коментира за најавата за алгоритам во вторникот, а Alibaba и Tencent не одговорија веднаш на барањето на Би-Би-Си за коментар.

 

 

Кина во март усвои нови прописи за алгоритми, според кои корисниците можат да одбијат такво следење на активности, а компаниите мора да регистрираат алгоритми во CAC доколку можат да влијаат на јавното мислење или да го мобилизираат општеството, потсетува Би-Би-Си.