Сопственик на објект за видео игри во Куманово ќе добие кривична пријава

Сподели со своите пријатели

Објект за видео игри во Куманово работел ноќеска околу полноќ, со што ги прекршил здравствените прописи за работно време.

Loading...

– Денеска во 00.16 часот во СВР Куманово било пријавено дека во објект за видео игри на улица „Гоце Делчев“ има група граѓани кои не ги почитувале здравстените прописи за време на епидемија, велат од Министерството за внатрешни работи.

Полициските службеници, како што додаваат од МВР, извршиле контрола и било констатирано дека објектот работи по дозволеното работно време, а во објектот биле затекнати 15 лица и еден вработен.

По целосно документирање на случајот, против сопственикот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Никола Ивановски

Leave a Reply