Сопствениците пресудија: Овие автомобили најмногу ги разочарале

Сподели со своите пријатели

Студија потврдува дека доверливоста и квалитетот не се нужно поврзани со задоволството од автомобилот.

Loading...

Ова е истражување спроведено од Consumer Reports на повеќе од 300.000 сопственици на автомобили во САД, со цел да се открие кој автомобил најмалку ги исполнил очекувањата. Интересно е што неславната топ 10 вклучува инаку многу ценети модели и брендови.

 

 

На пример, дури два модели на Infiniti влегоа во листата на најразочарувачки, а тука е и Nissan Rogue Sport, еден од најпопуларните модели на пазарот.

Сепак, она што можеби најмногу изненадува е првото место. Верувале или не, Toyota C-HR е на прво место, а само 29% од сопствениците повторно би го купиле овој модел. На пример, Jeep’s Compass и Renegade моделите, кои не се баш најсигурни, со 46%.