Сопругите на заробените борци од Азовстал: Не знаеме каде се и како се

Сподели со своите пријатели

Две сопруги и девојки на украински војници кои беа заробени од руските сили откако се предадоа од фабриката за челик Азовстал во Мариупол, изјавија за Си-Ен-Ен дека имаат малку или немаат никакви информации за тоа каде се наоѓаат нивните најблиски.

Loading...

„Не сум во контакт со мојот сопруг и речиси и да немам информации за него. Последен пат разговаравме на 13 април. И тогаш неговите соборци ми испратија пораки дека е уште жив“, вели Ана Ивљева, сопругата на Антон, маринец кој бил тешко ранет во Азовстал.

 

Лидерите на ЕУ денеска на состанок, тема – УКРАИНА

 

Ивљева изјави дека претставниците на украинската влада биле во контакт со борците од Азовстал, но додаде дека нема информации каде се наоѓаат или во каква состојба се наоѓаат. Таа се надева дека нејзиниот сопруг е сѐ уште жив, иако е во заробеништво.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Русите со крстосувачки ракети од бомбардери го напднаа Киев

„Сите ние – семејства, сопруги, мајки на маринци, се држиме една до друга, постојано сме во контакт една со друга. Постојано разменуваме достапни вести, ние сме како семејство“, рече таа.

Украинскиот пристанишен град Мариупол падна под целосна руска контрола претходно овој месец, а борците од Азовстал, последниот бастион на украинската одбрана, се предадоа.

Loading...

 

Победниците на Евровизија го продадоа пехарот

 

Си-Ен-Ен наведува дека не се знае колку украински борци се во руско заробеништво, но руската армија тврди дека повеќе од 2.000 борци се предале.

Руските државни медиуми ги нарекоа борците на Азовстал „нацисти“, што предизвикува сериозна загриженост за третманот што може да го имаат во притвор.

Една жена по име Јана организирала настани во Киев, за поддршка на борците од Азовстал. Нејзиното момче е маринец кој бил во Азовстал. Таа не сакаше да го каже своето презиме од страв за нејзината безбедност.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кои се двете најопасни жени во Европа? Овие убавици ги бара Интерпол!

 

Лидерите на ЕУ денеска на состанок, тема – УКРАИНА

Loading...

 

„Не сум се слушнала со него, ниту слушнав ништо за него. Последен пат бевме во контакт на 11 мај“, рече таа.

Таа додаде дека украинската влада не и дала никакви информации за тоа каде може да биде нејзиното момче.

„Меѓународниот комитет на Црвениот крст ја контактираше мајката на моето момче, не се сеќавам точно кога. Само и кажаа дека е жив и тоа е тоа”, рекла таа.

 

Лидерите на ЕУ денеска на состанок, тема – УКРАИНА

 

Црвениот крст ги регистрира борците кои го напуштија Азовстал од 17 мај, делумно за да им овозможи на воените затвореници да останат во контакт со нивните семејства. Организацијата работи во Украина од 2014 година, кога започна војната во Донбас.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Две деца загинаа во експлозија во куќа, поранешно упориште на пакистанските талибанци

Сопругата на другиот борец кој се предал, Татјана, изјави дека нејзиниот сопруг успеал да и се јави од непознат број откако се предал, велејќи и дека некои од неговите другари се држат во град во регионот на Доњецк кој е под контрола на проруските сепаратисти.

„Неговиот глас беше мирен и самоуверен. Тој исто така рече дека условите во кои се држат се во ред. Тој додаде дека е можно во иднина да им биде дозволено да примаат пакети“, рече таа.

 

Лидерите на ЕУ денеска на состанок, тема – УКРАИНА

 

Татјана изјавила дека со сопругот разговарала околу 10 минути, а тој рекол дека ќе се обиде повторно да и се јави.

Loading...

„Тоа беше тоа, немаше повеќе повици или вести“, рече таа.