Соопштение на српската амбасада во Република Македонија до своите граѓани

Сподели со своите пријатели

Амбасадата на Република Србија испрати соопштение до српските партии, здруженија и заедници во Република Македонија во кое што ги потсетува државјаните на Република Србија кои што живеат во Република Македонија дека најдоцна до втори април 2016та година можат да поднесат „Барање за упис во избирачкиот список дека гласачот ќе гласа од странство“ до амбасадата во Скопје поради гласање на изборите за народни пратеници на Народното собрание на Република Србија кои ќе се одржат на 24 април 2016 година.

Притоа потсетуваат дека претходните избирачки списоци за гласање во странство не се важечки така што гласачите треба да поднесат нови барања. Известувањето за претстојните избори се наоѓа на интернет страницата на Амбасадата на Република Србија во Скопје.

На интернет страната исто така се наоѓа и образецот на „барањето за упис во избирачкиот список дека гласачот ќе гласа од странство“ како и образецот за „Барање за упис во единствениот избирачки список за Република Србија (кој што важи само за оние кои не се запишани во списокот) кои заедно со потребните документи треба да се достават до амбасадата најдоцна до 2- ри април 2016 година.