Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози

Сподели со своите пријатели

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, велат надлежните.

Loading...

Автомото сојузот на Македонија препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони.

Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, велат од АМСМ.

На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Leave a Reply