Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози

Сподели со своите пријатели

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничниот премин Табановце има зголемена фреквенција на возила, времето на чекање за излез од државата, е од 15 до 30 минути. На останатите гранични премини, од македонска странa, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информираат од АМСМ.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Leave a Reply