Сообраќајот на државните патишта се одвива пo суви коловози, чекањето на границите нормално

Сподели со своите пријатели

Сообраќајот на државните патишта се одвива пo суви коловози, информираат од Автомото сојузот на Македонија.

На граничните премини и покрај зголемената фреквенција, во моментов нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. На останатите гранични премини нема подолги задржувања. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

 На магистралниот пат А2 патен правец Кичево – Охрид (Пресека – Врбјани) поради изведување градежни работи (минирање) на 24.07.2017 (понеделник) помеѓу 13:00 и 15:00 часот сообраќајот ќе биде во прекин околу 15 минути.

На патниот правец Неготино – Демир Капија, на делот од Неготино до м.в.Острово,сообраќајот се одвива по дел од новиот автопат во должина од 4км. По овој дел сообраќајот пак се враќа на магистралниот пат Р103.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Поголема внимателност е потребна низ клисурите и засеците, каде што е можна појава на одрони.

Она што АМСМ заборави да го спомене во својот извештај е метежот на патарината кај Романовце, каде поради градежните зафати на автопатот Скопје Куманово се создаваат колони автомобили кои чекаат за да го продолжат својот пат.