Сообраќајот на државните патишта се одвива без забрани, по влажни коловози

Сподели со своите пријатели

Сообраќајот на државните патишта се одвива без забрани, по влажни коловози, информираат од Автомото сојузот на Македонија.

Loading...

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

– Ве информираме дека автопатот Миладиновци – Штип, секција Миладиновци – Кадрифаково и Кадрифаково – Миладиновци не е пуштен за сообраќај. На автопатот се вршат  проверки од безбедносен карактер. Апелираме до сите возачи да не го користат автопатот, велат од Автомото сојузот.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

На 04.04.2019 година од 11:30 часот поради оштетување на мостот во с.Ваташа на регионалниот пат Кавадарци – с.Мрежичко воведена е забрана за тешки моторни возила.

Leave a Reply