Сообраќајна несреќа во Кашмир, најмалку 30 загинати

Сподели со своите пријатели

Во сообраќајна несреќа кога автобус се излизга од карпа во индиската провинција Кашмир, најмалку 30 лица загинаа, додека десетици други се повредени, соопштија денеска локалните власти.

Loading...

Автобусот се движел кон градот Кишвар кога излетал од патот и паднал 200 метри на друг постар пат.

Локалните жители и спасувачките екипи веднаш излегле на местото на настанот и во тек е спасувачка операција.

Официјални лица соопштија дека сите повредени се пренесени во блиските болници, меѓу кои десетмина се во критична состојба.

Причината за несреќата се уште не е позната.

Индија има една од највисоките стапки на смртност на патиштата во светот, со стотици илјади загинати и повредени годишно.

Несовесното возење, лошо одржуваните патишта и старите возила се виновни за повеќето несреќи.