Сончево време, но со утрински температури длабоко во минусот

Сподели со своите пријатели

Времето денеска во државата ќе биде со ведро и студено утро, а преку денот сончево со слаб северен ветер, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Минималната температура ќе биде во интервал од -12 до -4, а максималната ќе достигне од 0 до 8 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево време. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Температурата ќе се движи во интервал од -7 степени во утринските часови до максимални три степени целзиусови во текот на денот.

 

Loading...

 

До сабота ќе преовладува стабилно и суво време. Ведрото време ќе услови во следните денови утринските температури да бидат ниски, особено денеска и утре кога на места ќе се спуштат и под минус 10 степени.

Во петок и за време на викендот по одделни котлини ќе има појава на магла и значителна ниска облачност, претежно во западните делови.

Од недела попладне ќе има повремени врнежи од дожд.

 

Никола Ивановски