Сончево со ниски утрински температури

Сподели со своите пријатели

Сончево време со мала до умерена облачност ќе преовладува денеска во земјава. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, особено вдолж Повардарието.

Loading...

Минималната температура ќе се спушти од -1 до 8, а максималната ќе достигне од 13 до 20 степени.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево до умерено облачно време. Температурата ќе се движи од минимални пет степени во текот на утрото, до максимални 14 во текот на денот.

Во следните денови синоптичарите најавуваат стабилно и суво време со пониски утрински температури, а од недела ќе има услови за претпладневна магла по одделни котлини.

Leave a Reply