Сончево со мала до умерена облачност

Сподели со своите пријатели

Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност поголема во источните делови. Ќе дува умерен до засилен северен ветер најизразен долж Повардарието. Утринската температура ќе биде во интервал од 6 до 15, а дневната температура од 17 до 24 степени.

Loading...

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со умерен до засилен северен ветер. Утринската температура ќе биде околу 14, а дневната ќе достигне 22 степени.

До понеделник следува период на стабилно и суво време со пониски утрински температури кои во сабота и недела понекаде ќе бидат на неколку степени над нулата. Дневните температури ќе бидат во пораст..

Весна Јаневска

Leave a Reply