Сончево, но значително посвежо време

Сподели со своите пријатели

Времето денеска во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност и постудено, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец, особено претпладне и поизразен вдолж Повардарието.

Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 2, а максималната ќе достигне од 5 до 11 степени.

 

 

Во Куманово и околината ќе имаме сончево време со мала облачност, но со доста пониски температури.

Ќе дува умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе биде четири степени под нулата, а максималната дневна се очекува да достигне само до шест степени целизусови.

Loading...

 

 

Во петок и во деновите од викендот ќе преовладува стабилно и суво време со пораст на дневната температура.

Нови врнежи од дожд, а на планините од снег се очекуваат во понеделник.

Никола Ивановски

Leave a Reply