Сончево и ветровито и температури до 23 степени

Сподели со своите пријатели

Сончево со слаб до умерен ветер, кој во претпладневните часови ќе биде од северен правец е прогнозата за денешниот ден, според синоптичарите од Управата за хидрометеоролошки работи.

Минималните температури ќе бидат релативно ниски и ќе се движат од 0 до 8 степени, додека максималните исто така ќе останат пониски споредбено со претходните денови и ќе бидат во интервал од 17 до 23 степени целзиусови.

До сабота ќе биде стабилно и суво со благ пораст на дневната температура, а од недела ќе има зголемена облачност, повремено засилен ветер и услови за повремен дожд.

 

Loading...

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.