Сончево и топло време со температури до 35 степени

Сподели со своите пријатели

Времето денес ќе биде претежно сончево и топло.

Loading...

Во северозападните, западните како и во централните предели се очекува појава на локална облачност. Ќе дува доумерен слаб северозападен и североисточен ветер, а во југоисточните и источните предели ќе дува слаб југоисточен ветер.

Утринските температури во благ пораст и ќе се движат од 11 до 21 степен, додека пак максималните дневни температури ќе достигнат до 25 односно до 35 степени. УВ индекс 7.

Во деновите од продолжениот викенд не се очекуваат пријатни временски услови.

Во претпладневните часови ќе се очекува претежно сончево и топло време, а во попладневните и вечерните часови се очекува развој на нестабилност и локални врнежи од дожд.

Извор:Weather4all.mk