Сончево и топло, со висок УВ индекс

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде претежно сончево и топло со мала ду умерена облачност попладне и особено на југот од земјата. Ќе дува слаб североисточен ветер.

Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи минималните температури ќе се движат од од 11 до 20 степени, додека максималните ќе бидат во интервал од 30 до 37 степени.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево до умерено облачно и топло време со максимални 32 степени.

Продолжува периодот на сончево и топло време со мала до умерена локална облачност.

Во четврток, според најавитена УХРМ, особено во попладневните часови ќе има услови за локален краткотраен дожд и појава на грмежи повеќе во јужните и западните делови од земјата, а зголемена облачност ќе остане и во ноќта кон петок.

За време на викендот ќе се задржи стабилно и топло време.

Leave a Reply