Сончево и топло со температури до 17 степени

Сподели со своите пријатели

Времето во текот на ноќта и изутринава беше ведро и студено, на места со слаб ветер од променлив правец.

Loading...

Во текот на денешниот ден, според Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде претежно сончево и потопло со слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 12 до 17 степени.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно сончево време со максимална дневна температура од 15 степени целзиусови.

Никола Ивановски

Leave a Reply