Сончево и топло со мала до умерена облачност

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и слаб до умерен, а долж Повардарието и во западните делови повремено и засилен ветер од јужен правец, велат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Минимланите температури ќе се движат од 13 до 20 степени, додека максималните дневни ќе бидат во интервал од 21 до 37 степени целзиусови. Индексот на ултравиолетовите здраци ќе биде висок и ќе има вредност 8.

Во Куманово и околината денес ќе имаме сончево и многу топло и спарно време со максималната дневна температура до 34-от степен и умерен ветер од јужен, односно југоисточен правец.

Во наредните денови ќе преовладува сончево и многу топло време, особено во вторник, кога максималната температура ќе се движи од 32 до 38 степени. Од средината на неделата во попладневните часови ќе има услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд и грмежи.

 

Loading...