Сончево и топло, само до крајот на работната недела

Сподели со своите пријатели

Времето денеска во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 5, максималната ќе достигне од 14 до 23 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно сончево време со мала облачност. Утринската температура ќе се движи околу четири степени, а преку денот ќе биде топло со максимална температура до 19 степени целзиусови.

 

Loading...

 

Како што информираат од УХМР, од петок и во деновите од викендот ќе има промена на времето кога ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд.

На места врнежите ќе бидат поројни и пообилни, локално и над 20 л/м 2 , проследени со појава на грмежи и засилен ветер.

Поради продор на постудена воздушна маса во недела на планините и на некои повисоки места се очекуваат врнежи од снег и позначително опаѓање на дневните температури.

Никола Ивановски

Leave a Reply