Сончево и топло, попладне услови за невреме

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде сончево и топло со умерена облачност, попладне на повеќе места нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со пообилни врнежи, силен ветер и појава на град, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Максималната температура ќе биде во интервал од 27 до 35 степени. УВ=8

До четврток во попладневните часови ќе се задржи променливо и нестабилно време со честа појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има појава на невреме со пообилни врнежи, силен ветер и појава на град.

Во петок и за време на викендот ќе преовладува сончево време, но ќе има услови за изолирана појава на пороен дожд со грмежи.

Image by Elias Sch. from Pixabay

Leave a Reply