Во текот на ноќта ветерот се промени во претежно јужен, а имаше тенка облачност. Утрово е сончево со мала облачност и поизразен јужен ветер на повисоките места.
Во текот на денот како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец поизразен попладне во централните делови. Максималната температура ќе биде во интервал од 15 до 23 степена.
Во следните денови времето ќе се задржи стабилно и топло со мала до умерена облачност. Максималните температури ќе бидат над просекот за овој период од годината и на повеќе места ќе надминувааат 20 степени.
Нов влажен и постуден бран проследен со врнежи претежно од дожд се очекува во понеделник од крајот на денот.
Во вторник ќе има позначително спуштање на дневните температури.