Сончево и многу топло со слаби врнежи во вечерните часови

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло, попладне со умерена облачност, а кон крајот на денот и во вечерните часови во северните делови ќе има услови за краткотраен дожд и грмежи, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Минималните температури ќе се движат од 14 до 22 степени, додека максималните дневни температури ќе бидат во интервал од 33 до 39 степени целзиусови. УВ индексот ќе биде доста висок и ќе има вредност 9.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево и топло време со слаб ветер од јужен односно југозападен правец. Максималната дневна температура ќе се искачи до 34 степени целзиусови, а УВ индкесот ќе изнесува 7. Во текот на вечерните часови се очекува мало наоблачување кое ќе донесе краткотраен дожд.

Во вторник од пладне се очекува поизразена нестабилност кога на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Во среда ќе дува умерен до засилен северен ветер, кој ќе предизвика опаѓање на дневната температура за 4 до 5 степени во споредба со утрешната.

[wpdevart_like_box profile_id=”1414421878780055″ connections=”show” width=”300″ height=”550″ header=”small” cover_photo=”show” locale=”en_US”]

Loading...