Сончево до умерено облачно со температури до 24 степени

Сподели со своите пријатели

Петок ќе започне со ведро и прилично сутдено утро, а во текот на попладневните часови ќе имаме наоблачување, кое нема да донесе значителни промени во временската состојба, пишува порталот МетеоПро.

Утринските температури со релативна ниска вредност од 2 до 3 степени над нулата, а максималните дневни ќе бидат во интервал од 20 до 24 степени целзиусови.

Времето во Куманово и околината ќе биде сончево со мала до умерена облачност и слаб ветер од југоисточен правец. Максималната дневна температура ќе го достигне 21-от степен, а во текот на ноќта истата ќе се спушти на 7 степени целзиусови.

Слично време се очекува и утре, а веќе во недела ќе имаме повторно дестабилизација и пад на температурата.