Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, по котлините и речните долини со појава на слаба магла, особено претпладне, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе се движи од 12 до 17 степени.
Во Куманово и околината денес ќе имаме сончево до умерено облачно време, ќе дува слаб ветер од југоисточен правец, а максималната дневна температура ќе достигне 11 степени целзиусови.
До крајот на следната работна недела под влијание на стабилна воздушна маса ќе преовладува сончево и релативно топло време со мала до умерена локална облачност. По одделни котлини ќе има појава на слаба магла и ниска облачност, особено во ноќните и претпладневните часови.