Закана од Вашингтон – НАТО нема прирачник за ова сценарио

Сподели со своите пријатели

Идејата дека САД би можеле воено да интервенираат против еден од своите сојузници изгледаше незамислива до неодамна.

Спорот околу Гренланд сега го принудува НАТО да се соочи со закана од сопствените редови, пишува Дојче Веле.

НАТО има стотици и стотици страници со детални воени планови за тоа како да се брани од напад, но сите сценарија за одвраќање и одбрана отсекогаш подразбирале – надворешен непријател.

Не постои прирачник за тоа како да се справите со зголемените закани на претседателот Трамп за преземање на сојузничка територија по секоја цена.

Стратегијата на генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, досега беше да молчи, но тоа нема да трае долго, според DW.

Данската премиерка Мете Фредериксен се обиде да ги ограничи американските амбиции предупредувајќи дека „доколку САД одлучат воено да нападнат друга земја од НАТО, тогаш сè запира, вклучително и НАТО, а со тоа и безбедноста што е воспоставена од крајот на Втората светска војна“.

Сегашната ситуација – остварување на сонот на советските лидери

Но, дури и пред да се случат какви било воени потези – или можеби пред нив – влијанието на ескалацијата на реториката не треба да се потценува.

„Огромна победа за Путин е што воопшто ја водиме оваа дискусија“, забележа Патрик Оксанен, виш соработник на Стокхолмскиот форум за слободен свет, додавајќи дека сегашната ситуација во рамките на алијансата е сон што се оствари за советските лидери.

„Тука на далечниот север го сфаќаме тоа доста сериозно, особено затоа што овие изјави дојдоа толку брзо по Венецуела и беа дополнително засилени не само од претседателот Трамп, туку и од неговиот советник [Стивен] Милер“, кој го доведе во прашање суверенитетот на Данска над Гренланд и дали некои европски трупи воопшто би се спротивставиле на САД.

Вревата беше засилена од објавата на социјалните мрежи од сопругата на Милер, Кејти, на која беше прикажана мапа на Гренланд прекриена со американско знаме и зборот „Наскоро“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Венс: Европа се движи кон цивилизациско самоубиство

Ед Арнолд од Кралскиот институт за обединети служби (RUSI), самиот поранешен службеник во воениот персонал на НАТО, се согласува дека алијансата веќе е „оштетена“.

„Тоа е сојуз изграден врз вредности и доверба“, изјави Арнолд за ДВ, па „дури и доаѓањето до оваа точка го ослабна сојузот“.  Самата идеја за спроведување консултации за ова прашање во НАТО би била лоша од „оптички“ причини, додаде тој, бидејќи тоа би значело дека „32 сојузници седат на маса, а главниот предизвик и закана доаѓа од некој на истата таа маса“.

Некои набљудувачи сугерираат дека едно решение би можело да биде европските членки на НАТО да испратат трупи на Гренланд, за да му покажат на Трамп дека сериозно ја сфаќаат неговата одбрана и дека секое еднострано распоредување на американските сили би било непотребно.

Директорот на Институтот на Европската унија за безбедносни студии, Стивен Еверт, верува дека таквата иницијатива може да биде корисна, но само ако е водена од соодветни причини.

„Европејците треба сериозно да ја сфатат безбедноста на Арктикот“, рече тој, „и ако има празнини, треба да се обидеме да ги пополниме“.

Сепак, тој предупреди дека не треба да се пристапува кон тоа како обид да се смири Трамп, бидејќи веќе е покажано дека ваквите обиди „не функционираат“.

„Луѓе, ова не е вежба. Ова не е нешто што можете само да чекате и да се надевате дека ќе се подобри. Ова ќе се промени само ако преземеме решителни чекори за да ги одбраниме нашите позиции – не агресивно, нема да се бориме против американската војска за Гренланд ако дојде до тоа – но мора да бидеме многу, многу јасни за тоа како ја гледаме иднината на Гренланд, иднината на алијансата и сè што оди со тоа.“

Дански десничар против Трамп

Андерс Вистисен, дански член на Европскиот парламент, се согласува со Еверт и верува дека Европа треба „да престане да игра дипломатски игри, да попушта, да се обидува да ги убеди САД да бидат поразумни или да ги смири со зголемени воени инвестиции во Арктикот или со доделување концесии за рударство во Гренланд, или со сè друго за што се зборуваше.“

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ЕУ ги издвои првите 10 милиони евра за специјален суд за Путин

Иако политичките склоности на Вистисен, како член на десничарската Данска народна партија, може да наведат некого да помисли дека би се согласил со Трамп по некои прашања, пратеникот всушност се појави во насловите пред една година – и предизвика бура – кога употреби пцовка за да му каже на Трамп што би можел да направи со својата намера да го купи Гренланд.

Тој за ДВ изјави дека ветил дека нема јавно да ја повторува таа фраза, но дека сè уште стои зад тоа мислење и својата тактика на користење отворен јазик за да му стави до знаење на Вашингтон дека неговата позиција е неприфатлива.

„Се наоѓаме во момент кој е толку сериозен што нема простор за сомнеж или какво било маневрирање во нашата комуникација“, рече Вистисен.

„Мораме да имаме многу силен и апсолутно јасен одговор и да им кажеме на американската администрација и на претседателот Трамп: не, нема да имате никакви права или претензии кон Гренланд и нема да нè убедувате, притискате или заплашувате да постапиме поинаку.“

Вистисен вели дека иако ги цени изјавите за поддршка од другите европски лидери, не верува дека тие всушност би испратиле војници во Гренланд. Тој очекува неговиот премиер да обезбеди доволно силна одбрана. „Ова е прашање што мора да се реши меѓу Кралството Данска и американската администрација“, рече тој.

Дански левичар – подготвени сме да употребиме оружје

Пер Клаусен, од редовите на левицата, верува дека другата страна на Брисел би можела да има моќ да влијае на оваа ситуација.

Клаусен испрати писмо до своите колеги во Европскиот парламент предлагајќи да се суспендира одобрувањето на царинскиот договор – кој нашироко се смета за фаворизирачки за САД – сè додека Вашингтон не се откаже од Гренланд.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Шпанија нема да се приклучи на Одборот за мир на Трамп

„Ако го прифатиме овој договор додека Трамп го загрозува меѓународниот поредок и има директни територијални претензии кон Данска“, се наведува во писмото на Клаусен, „тоа ќе се смета за награда за неговата акција и само ќе додаде масло на огнот“.

„Имаме многу што можеме да направиме што би им наштетило на САД многу сериозно, ако зборуваме за економијата“, рече Клаусен.

„И мислам дека мораме апсолутно јасно да им ставиме до знаење на Соединетите Американски Држави дека сме подготвени да го користиме тоа оружје ако САД не ја запрат својата агресија врз Гренланд.“

Клаузен, во разговор за ДВ, вели дека неговите сограѓани се „многу, многу лути“ наместо исплашени.

Тој се надева дека неговиот предлог ќе добие доволно политичка тежина за да ги натера САД да обрнат внимание, односно да „сфатат дека Данска не е изолирана во оваа ситуација и дека европските лидери не само што зборуваат за солидарност со Данска и Гренланд, туку се подготвени и да дејствуваат“.

Може ли притисокот од ЕУ да го спаси НАТО?

Стивен Еверт вели дека гледа барем еден охрабрувачки знак во тоа.

За време на состанокот во Париз, одржан во рамките на „Коалицијата на волјата“ за поддршка на Украина, лидерите на Германија, Италија, Полска, Шпанија и Обединетото Кралство ѝ се придружија на данската премиерка Мета Фредериксен во заедничка изјава во која нагласија дека „од Данска и Гренланд зависи – и исклучиво од нив – да одлучат за прашањата што се однесуваат на Данска и Гренланд“.

Тие го издадоа соопштението кратко пред состанокот со американските преговарачи Стив Виткоф и Џаред Кушнер, при што европските лидери не се воздржаа од потенцијалниот конфликт што би можел да го предизвика таков потег, ниту од неговото влијание врз поддршката на САД за европските напори во Украина.

Иако овој чекор може да изгледа мал, Еверт вели дека „јасно покажува колку сериозно“ лидерите ја сфаќаат оваа закана.