Сончева недела со мала облачност

Сподели со своите пријатели

По утринските температури под нулата денеска ќе имаме сончево време со мала облачност и со слаб јужен ветер, информираат од УХМР.

Loading...

Температурата ќес е движи во интервал од  8 до 14 степени.

Во околината на Куманово времето денеска ќе биде облачно со умерена облачност. Ќе дува слаб југоситочен ветер, а температурата од четири степени под нулата во утринските часови, во текот на дено ќе се искачи на 8 степени целзиусови,

Сончево со мала до умерена облачност, по котлините со услови за утринска магла ќе биде времето утре, информираат од УХМР. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе се движи од -5 до 2, а дневната од 7 до 13 степени.

Во текот на работната недела ќе се задржи стабилно и суво време. Претпладне по некои од котлините ќе има појава на магла. Дневните температури ќе бидат во постепено благо опаѓање.