Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека 37 лица починале од колера во Сомалија во првата половина од оваа година, пренесува Анадолија.
Соопштено е дека во земјава во периодот од јануари до јуни се регистрирани 8.041 случај на колера, а починале 37 лица.
Околу 54 отсто од пациентите биле деца на возраст под две години, се наведува во извештајот, додека 49 отсто биле жени.
Се известува дека само 52 отсто од населението на Сомалија има пристап до подобрена вода за пиење.
Вакцините против колера првпат беа воведени во Сомалија во 2017 година, кога беа пријавени 78.865 случаи и 1.160 смртни случаи од колера.
Сомалиската влада и СЗО распоредија 4.984 здравствени работници минатиот месец, вакцинирајќи 897.086 лица на возраст од една и повеќе.
Владата повика на глобална помош
Сомалиската влада прогласи „вонредна состојба“ на национално ниво на 23 ноември 2021 година, поради зголемената суша.
Обединетите нации соопштија дека сушата во Сомалија принудила близу милион луѓе да ги напуштат своите домови поради недостаток на вода и храна.
Колерата е заразна болест на тенкото црево предизвикана од бактеријата vibrio cholerae.
Болеста се шири со конзумирање на контаминирана вода, ракови, школки и риби и друга храна загадена со измет на заразени луѓе.