Солскјер: Кавани има уште што да каже на највисоко ниво

Сподели со своите пријатели

Тренерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер ги сподели своите впечатоци од трансферот на напаѓачот на ПСЖ, Единсон Кавани.

Loading...

– Единсон е искусен професионалец кој секогаш прави сè за својот тим. Неговиот рекорд за клупски и национален тим е фантастичен и ние сме среќни што потпишавме со играч на ова ниво. Тој ќе донесе енергија, сила, лидерство и одличен менталитет во тимот, но што е најважно, ќе донесе голови. Досега имаше брилијантна кариера, освојувајќи трофеи во скоро секој клуб во кој играл и има уште многу да каже на највисоко ниво, изјави Солскјер за официјалната веб-страница на клубот.

Позицијата на норвешкиот стручњак во Манчестер почнува да станува несигурна, а таквиот развој на ситуацијата ќе добие на интензитет доколку тимот засилен со Кавани не ги оствари посакуваните резултати.

Манчестер јунајтед во неделата на домашен терен загуби од Тотенхем со 1:6.

Зоран Стерјовски

Leave a Reply