„Соколите“ вечерва ќе слетаат на гости во Куманово

Сподели со своите пријатели

Кошаркарите на Карпош Соколи вечерва ќе гостуваат кај КК Куманово во рамките на полуфиналните натпревари од домашната кошаркарска лига, каде КК Куманово ќе се бори за опстанок во понатамошниот дел од натпреварувањето.

Соколи водат со 2:1 и само една победа ги дели од големото финале, но сино-белите вечерва со целокупната поддршка од трибините мора да извојуваат победа, исто како и на гостински терен најверојатно во недела, доколку вечерва го полнат кошот на гостите.

Слаба игра покажаа македонските репрезентативци во КК Куманово, што беше и клучна причина да го загубат натпреварот кој пред три дена се играше кај Карпош Соколи.

Натпреварот е со почеток во 19 часот, билетот ќе чини само 50 денари, а со оглед дека вечерва нема да има пренос на МРТ сите бидете во сала и дадете максимална поддршка на сино-белите.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.