Сојузот на Ромите излегува од коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ (видео)

Сподели со своите пријатели

Општинската организација на Сојузот на Ромите од денеска излегува од Коалицијата за подобра Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ, информираше денеска на прес конференција претседателот Ашмет Османовски.

Локалниот огранот на партијата си поднесе оставка, поради несогласувања околу листата советници на коалицијата за претстојните избори. Како што вели Османовски, централното раководство не ги консултирало за кандидатот, кој тие не го поддржуваат.

„Општинскиот огранок на Сојузот на Роми од денес па не знаеме до кога, нема да функционира во Општина Куманово, затоа што целото претседателство си поднесе оставка. Воедно ги известуваме граѓаните и другите политички субјекти во Општина Куманово дека на овие избори тимот, односно оваа претседателство нема да биде во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, како што беше до сега. Причината е тоа што централносто претседателство заедно со нашиот досегашен лидер Амди Бајрам и поранешниот заменик минситер Ибрахим Ибрахими без никакви консултации и контакти со нас делегираат човек на листата со коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ кого оваа претседателство не може да го поддржи и никаква поддршка не може да му даде на овие избори“ – изјави Османовски.

Loading...

Иако Османовски не сакаше да прецизира за кој кандидат станува збор, неофицијално дознаваме дека се работи за Срѓан Рушит, вработен во кумановскиот Меѓуопштинскиот центар за социјални работи.

Листата со кандидати на Коалицијата за подобра Македонија се уште не е позната, а рокот за нејзино поднесување до Државната изборна комисија истекува вечерва на полноќ.