Сојузот на борци одбележа 72 години од Пелинска битка (галерија+видео)

Сподели со своите пријатели

Сојузот на борци од Куманово денеска одбележа 72 години од завршувањето на битката кај село Пелинце – општина Старо Нагоричане, со положување на свежо цвеќе кај споменикот на паднатите борци.

На одбележувањето беа присутни членовите на Општинската организација на Сојуз на борци од НОБ, учесникот и партизан Спирко Зафировски, градоначалникот Зоран Дамјановски, секретарот на Општина Куманово Валентина Алексовска, претставници на Армијата на Република Македонија, како и претставници на Советот и општинската администрација.

Битката пред 72 години била водена помеѓу кумановскиот баталјон „Јордан Николов – Орце“ и бугарскиот одред „Бенковски“, кога загинелe борците Ангел Лазаревски – Шајче и Трифун Ангеловски – Летеќи. Единствениот учесник во оваа борба кој се уште е жив е Јордан Цеков, но од оправдани здравствени причини не присуствуваше на одбележувањето.

Учесникот во ослободителните дејствија, Спирко Зафировски кој беше присутен на комеморацијата вели дека ги разбиле четниците, затоа што тие биле камуфлирани фашисти.

Ако ова битка не беше патриотски високо ценета со голем борбен морал кај борците, немаше да победиме, затоа што Бугарите беа многу повеќе, т.е фашистичка војска, отколку нашите партизански единици. По победата во Пелинце, моралот порасна високо на партизанските единици и пристапот од градовите во овие села беше мaсовен и се овозможи да се формира Третата македонска ударна бригада – истакна Зафировски.

Loading...

 

Секретарот на Општинскиот Одбор на сојуз на борци на Куманово, Благе Јакимовски даде мал историски осврт за настаните поврзани со Пелинската битка кој истакна дека токму во овој простор имало широк екот меѓу населението за ослободувањето.

На 26-ти февруари во селото Жегљане е формирана Третата македонска ударна бригада. Таа е формирана од двата кумановски баталјони, „Јордан Николов – Орце“ и баталјонот „Христијан Тодоровски Карпош“ кој е формиран на 20-ти февруари во селото Бајловце и од битолско-преспанскиот регион „Стив Наумов“, и после тоа Tретата македонска ударна бригада развива широки активности и се пресметува кога на 29-ти води борба и ги уништува четниците на Дража Михајловиќ – раскажува Јакимовски.

https://www.youtube.com/watch?v=sE_J80HyyBQ&feature=youtu.be

 

Инаку Сојузот секоја година на 13-ти јануари традиционално го одбележува овој датум кој е важен за историјата на Куманово и неговата слобода.

 

[huge_it_gallery id=”287″]


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.