По Твитер, и Фејсбук и Инстаграм ги повлекоа видеата на бразилскиот претседател Жаир Болсонаро, велејќи дека испраќаат лоша порака во период кога владее епидемијата на коронавирусот.
„Ние повлекуваме содржини на „Фејсбук“и „Инстаграм“ што ги кршат нашите услови за употреба кои не дозволуваат дезинформација што може да им нанесе штета на луѓето“, се вели во соопштението на Фејсбук.
Вистината за тоа дали 5G мрежата го предизвика коронавирусот (ВИДЕО)
Еден ден претходно, Твитер поради истата снимка повика за „почитување на своите правила за да се идентификуваат содржините што можат да бидат во спротивност со официјалните препораки на органите за јавно здравје и може да го зголемат ризикот од ширење на Ковид-19.
На снимките се гледа како претседателот опкружен со народ во Бразил во неделата, што е јасно кршење на официјалните препораки во Бразил.
Бразил има 4579 заразени и 159 смртни случаи на коронавирус.
Бразилскиот претседател, екстремно десничар, рече дека Ковид-19 не е толку сериозна болест и е сличен на грипот.
Facebook се бори да испрати „невиден“ сообраќај
„Властите на некои држави и градови мора да го напуштат концептот: има забрани за сообраќај, затворање на продавници и масовна изолација“, рече тој на 25 март.
Истакнати претставници на бразилската левица во понеделникот најавија манифест со кој се бара негова оставка.
„Болсонаро не е само политички проблем, тој стана проблем во јавното здравство“, напишаа тие.