Собранието расправаше за пописот, но нема кворум за гласање

Сподели со своите пријатели

Собранието на Република Северна Македонија денеска ја започна 25. седница, на која прва точкна на дневниот ред е Предлог одлуката на Владата да се овозможи продолжување на рокот за постоење кризна состојба на територијата на државава до 30 јуни следната година. Но, оваа одлука не беше изгласана бидејќи во салата немаше доволен број пратеници. Не се гласаше ниту за Предлог-закон за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2020 година, во прво читање.

Loading...

-Гласањето дополнително ќе се спроведе, информира претседателот на Собранието Талат Џафери.

Од неколкуте точки на дневен ред што поминаа, расправа имаше само за Предлог-закон за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2020 година, во прво читање и тоа од страна на пратеникот Халил Снопче од Алијанса за Албанците, кој укажа на одредени, според него, слабости што може да се јават во процесот на пошишување а се однесуваат на Албанците, како и од пратеничката на ДУИ Арта Биљали Зендели од ДУИ, која реплицираше дека треба да се овозможи и Албанците од дијаспората да се попишат.

Заменик министерот за внатрешни работи Агим Нухиу побара поддршка од пратениците за законот посочувајќи дека се отстранети сите можности за манипулација.

-Имавме дискусија на седниците на комсиите, но би сакал да прецизирам дека со овој предлог на закон ние сме ги отстраниле сите можности за манипулации и дополнителни дела кои се согледани на претходните пописи и на претходниот попис, што пропадна. Ние сме свесни за важноста за попис на населението што претставува за сите етнички заедници во земјата. Би сакал да ве уверам и вас и вкупната јавност и тие кои живеат во странство, надвор од територијата на Република Северна Македонија дека со овој предлог на закон ги имаме земено предвид интересите на сите државјани на РСМ, опфаќајќи ги и тие кои се на привремен престој или работат надвор од нашата територија, рече Нухиу.

Дополнително со овој предлог на закон е отстранета каква било можност за манипулација, додаде тој, особено врз етничка основа бидејќи, како што кажа, со закон гарантираме 45 пописни региони, посебни комисии, зналителни број на државни и регионални инструктори, регионални членови на попис и други учесници.

-Граѓаните државјани на РСМ кои во моментот на пописот ќе бидат надвор од територијата на нашата држава тие ќе можат да бидат регистрирани од блиски поединци кои попишувачот ќе може да земе матичен број од тие граѓани, рече Нухиу и додавајќи дека со законот ќе може нашите државјани сами да се попишат преку посебна апликација која ќе биде објавена преку Државниот завод за статистика.

На почетокот на седницата присуствуваа само неколкумина пратеници од опозицијата.

Loading...

собранието го одложи гласањето за предлогот Иџет Мемети да стане член на Советот на јавни обвинители, како и за предлозите за тројца нови членови на Судскиот совет. На дневен ред се и Предлог законот за извршување на Буџетот на Република Северна Македонија за 2021 година, по скратена постаока за којшто треба да се расправа најнапред на седница на Комисијата за финансирање, како и Предлог на закон за дополнување на Законот за социјалната заштита, Предлог законот за регистрација на возила со странски регистарски табици на територијата на Република Северна Македонија, по скратена  постапка, Предлог законот за задолжување на Република Северна Македонија со заем кај Европската банка за обнова и развој по Договорот за заем за финансирање на проектот „Воведување на брз автобуски превоз во Град Скопје“, Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за Македонската банка за поддршка на развојот, сите по скратена постапка.

Законодавниот дом во рамки на 25. седница треба да расправа и за Дополнетиот предлог на закон за изменување на Законот за домување, како и за дополнетите предлог закони за изменување и дополнување на законите за железнички систем и за безбедност на сообраќајот на патиштата, во второ читање.

По скратена постапка, е и Предлог законот за преземање на административни службеници вработени преку К-5 програмата во Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците.

Елизабета Велјановска-Најдеска

Leave a Reply