Два дрона беа соборени утрово во близина на воена база во Московската област, а во нападот нема жртви, изјави локалниот гувернер Андреј Воробјов.
„Два дрона се урнаа утринава во 5:30 и 5:50 часот (по локално време) за време на приближувањето до магацините на воената база“ лоцирана во селото Калининец, во областа Наро-Фоминскоје, на околу 50 километри југозападно од Москва, изјави Воробјов преку Телеграма.
Тој рече дека авионите биле соборени од „руски војници“.
„Пронајдени се урнатини, нема штети или жртви“, изјави гувернерот на Московската област и ги повика жителите да останат смирени.
Руските специјални служби го истражуваат местото на падот на дронот, додаде тој.
Москва и нејзината област на повеќе од 500 километри од украинската граница досега беа цел на напади со беспилотни летала многу ретко од почетокот на конфликтот во Украина во февруари 2022 година, иако таквите напади се зголемени на други места во Русија.
На почетокот на мај, два дрона беа соборени над Кремљ во напад за кој Русите ја обвинија Украина.
Во последните месеци, беспилотни летала гаѓаа и воени бази или енергетска инфраструктура во Русија.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.