Соборени девет дронови регионите на Москва и Калушка

Сподели со своите пријатели

Руската воздушна одбрана рано утринава уништила девет украински дронови над Калушка и Московската област, соопшти руското Министерство за одбрана.

Loading...

Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, претходно објави дека руската противвоздушна одбрана утрово соборила два украински дрона над Москва, пренесува Интерфакс.

Од почетокот на нападот врз Украина во февруари минатата година, Русија речиси секојдневно објавува за обиди за напад на украински беспилотни летала на пограничните области, Крим и Москва, пренесува Танјуг.