Со возило старо 57 години пожарникарите во Старо Нагоричане спречија катастрофа

Сподели со своите пријатели

Голем пожар викендов беснеел во атарот на селата Арбанашко, Кокино и Длабочица на подрачјето на општината Старо Нагоричане, а тамошните пожарникари излегоа вистински херои кои со возило старо 57 години успеале да го изгаснат огнот кој зафатил над 10 километри површина.

Loading...

Во пожарот горела нискостеблеста дабова шума, сува трева и деградирана нискостеблеста шума.

Откако во 14:08 Центарот за управување со кризи ја добил информацијата, стапува во контакт со надлежните. Четворица пожарникари од ТППЕ Старо Нагоричане се упатуваат на терен. Но, постоела голема опаност да бидат зафатени куќи и објекти во селата Арбанашко и Кокино, па помош била побара од ТППЕ Куманово.

– Во 14:11 часот јавено е на ТППЕ-Куманово и е побарано е да стапаат во контакт со ТППЕ Старо Нагоричане и да им пружат подрашка и помош во гасење на пожар. Во 14:20 часот е јавено на АД Шумско Стопанство Куманово остварен контакт со одговорно за пожари и побарана е од истото да стапаат во контакт со ППЕ Старо Нагоричане и да испратат екипи на терен согласно Опертивниот план за постапување во справувње со пожари. Во 14:25 часот со подрачната единица на Дирекцијата за заштита и спасување Куманово стапено е во контакт со раководителот и е му е е во целост доставена усна информација за настанот, велат од Регионалниот центар за управување со кризи Куманово.

Сепак, не е наведено дали сите овие институции излегле во пресрет на гаснењето на огнот.

Околу 15:10 часот РУЦК добива информација од командирот на ТППЕ Старо Нагоричане дека пожарот е локализиран, но екипите ќе останат таму до негово целосно ликвидирање, поради опаност истиот повторно да се активира.

Околу 19:42 часот РУЦК повторно се слушнале со командирот кој ги известил дека пожарот е ликвидиран, но тука надлежните пренесуваат една негова порака која мора да се сфати сериозно:

– На наше јавување во 19:42 часот на командирот на ППЕ Старо Нагоричане не извести дека пожарот кој зафати површина од околу 10км во Арбанашко е изгаснат со едно противпожарно возило мерцедес (старо 57 години) и 4 пожарникари. Исто така во гаснењето учествуваале и 4лица вработени во ШС Куманово. Од Командирот бевме известени дека имаат само едно возило које е старо 57 години и апалера до надлежните да добијат некое возило од донација или помош од државата бидејќи во нивна надлежност покриваат територија од 39 села и е една од поголемите општини во Македонија, стои во дневниот билтен на Регионалниот центар за управување со кризи.

Loading...

Никола Ивановски

Leave a Reply