Со возило барано од Интерпол се обидел да премине на ГП Табановце

Сподели со своите пријатели

На 20.01.2018 година во 18,30 часот на Граничниот Премин Табановце на влез во Република Македонија, при извршена контрола на патничко моторно возило“Опел вектра“ со грчки национални ознаки управувано од И.Д. (55) од Прокупље -Република Србија било утврдено дека возилото е предмет на потрага во АСФ базата на ИНТЕРПОЛ на украдени возила.

Возилото било одземено и предадено на полициски служебеници од СВР-Куманово за понатамошна постапка.