Со воена свеченост во „Боро Менков“ ќе се одбележи Денот на 1. пешадиски баталјон

Сподели со своите пријатели

Во касарната „Боро Менков“ во Куманово утре со почеток во 12 часот, со воена свеченост припадниците од 1.пешадиски баталјон  ќе го одбележат Денот на единицата 26 ти февруари.

Loading...

По повод одбележување на  26 ти Февруари, Денот на единицата делегација од единицата ќе изврши полагање свежо цвеќе пред спомен плочата во с.Жегљане.

Во рамки на прославата ќе се изведат следните активности:  постројување на припадниците на  единиците од гарнизон Куманово, предавање на стројот на командантот на гарнизон потполковник Мирче Тасев, интонирање на државната химна на Република Северна Македонија и химната на АРСМ, оддавање на почит на загинатите борци за Македонија и загинатите и починати припадници на АРМ, честитање на празникот, пригоден говор, соопштување на стимулативни мерки награди и пофалници, информираат од касарната „Боро Менков“.

 По завршување на официјалниот дел единиците ќе продефилираат пред присутните со  дел од  вооружувањето, опремата и возила со кои располага единицата.

На прославата ќе присуствуваат претставници од претпоставените команди, поранешните команданти на единицата, преставници од државна управа, јавните установи и служби, градоначалниците и преставниците на единицате на локалната самоуправа во зоната на одговорност, правни и физички лица со кои единицата има соработка.

Leave a Reply