Со „Умри машки“ на струмичкиот театар вечерва продолжува фестивалот „Денови на комедија“

Сподели со своите пријатели

Со претставата „Умри Машки“ на НУ Театар Струмица, вечерва продолжува програмата од 24то издание на Меѓународниот театарски фестивал „Денови на комедија“ во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово.

Loading...

Станува збор за комедија работена според текстот на Алдо Николај, а во режија на Кире Ѓоргиев.

Во претставата играат Танкица Стојанова, Ѓорги Трајков, Никола Костадинов и Коле Китанов.

Претставата започнува во 20 часот.

Никола Ивановски