Со убавината го освои светот, со насмевката ја прекривала тагата: Додека сите и се восхитувалe, таа поминувала низ пекол

Сподели со своите пријатели

Кога велиме Див Запад, нашата прва асоцијација е, се разбира, познатата убавица Клаудија Кардинале! Таа беше една од најубавите жени што се појавиле на филмските екрани досега, одлична sвезда на шеесеттите и седумдесеттите, која ги маѓепса и Холивуд и Италија со својата убавина.

Loading...

Родена е на 15 април 1938 година како Клаудија Џозефин Роуз Кардинале во мал град во Тунис. Има италијанско потекло, а се школувала како учителка во нејзиниот роден град.

 

 

Во 1957 година, таа победила на натпреварот „Најубава Италијанка во Тунис“, а наградата била патување во Италија. Таа немала идеја дека тоа целосно ќе и го промени животот и ќе ја однесе на сосема поинаков начин.

Денес, Клаудија вели дека тоа било судбина, затоа што токму на тоа патување ги маѓепсала филмските режисери и го потпишала својот прв филмски договор на 19-годишна возраст. Од тој момент, нејзината кариера само растеше и тргна нагорно.

Во годините што следеле, таа снимила некои од најпознатите достигнувања во историјата на филмот, како што се Роко и неговите браќа, Девојчето со куфер, Леопард, Картуш и Еут и Федерико Фелини, што ја направи најпозната актерка во Италија.

Loading...

 

 

Веќе во 1963 година, само 6 години по првиот договор за филм, убавата Клаудија го освоила вниманието на продуцентите на најголемите филмски магнати на Америка и Велика Британија, благодарение на комедијата Пинк Пантер.

Ова било проследено со серија успешни филмови, вклучувајќи го и култниот вестерн „Било некогаш на дивиот запад“ од Серж Леоне.

После 5 години живот под силните светла на Холивуд, на Клаудија и пречел фактот што забележала дека улогите се повторуваат и дека веќе нема ништо ново. Не сакала да стане клише, па се вратила во италијанскиот и францускиот театар, каде освоила уште една во низата награди за најдобра актерка.

 

Loading...

 

Траума што и го сменила животот засекогаш

Токму кога започнала да гради успешна филмска кариера, еден настан го сменил животот засекогаш. Овој трауматски настан оставил голема трага и го следел цел живот. Имено, Клаудија била силувана од непознат Французин, а по трауматско искуство останала бремена. Не ни помислувала да ја прекине бременоста, но бидејќи градела кариера во Холивуд, тие ја советувале да не открива дека чека дете.

Нејзиниот ментор, Френк Кристалди, ја испратил во Лондон, во 7-ми месец кога бременоста веќе не можела да се крие. Таа родила син кого го именувала Патрик, но родителите на Клаудија се грижеле за него, а Патрик верувал до 8-та година дека Клаудија е негова сестра.

Љубовта се родила помеѓу Клаудија и Френк и тие се венчале во Атланта. Тој го посвоил нејзиниот син и иако се чинело дека живеат хармоничен живот, тие сепак се развеле во 1975 година. Актерката се вљубила во Паскал Сквитиери, поради што го оставила сопругот Френк Кристалди. Таа била омажена за него, сè до неговата смрт во 2017 година. Од бракот добиле ќерка Клаудија.

 

 

Loading...

До 2010 година, Клаудија водеше активен актерски живот, кога реши да забави малку со снимањето и улогите.

Во 9-та деценија од нејзиниот живот, таа сè уште живее „радосно, слободно и храбро“, како што вели таа. Во 2017 година, таа беше заштитно лице на Меѓународниот филмски фестивал во Кан и по тој повод рече: Јас не ја разубавив мојата возраст, ниту направив нешто против брчките. Им се извинувам на многумина за тоа.

Денес таа има 83 години и е голем поддржувач на правата на жените. Таа, исто така, гордо ја има титулата амбасадор на добрата волја на УНЕСКО за одбрана на правата на жените од март 2000 година.

Во февруари 2011 година беше прогласена за една од 50-те најубави жени во историјата на филмот.

 

Loading...

 

Сепак, нејзиниот изглед драстично се менуваше со текот на годините. Карактеристиките на лицето се груби, и скоро ништо не останало од поранешната убавица. Оние што ја паметат само како млада и перспективна убавица од старите филмови, кога ќе видат нови фотографии, не можат да поверуваат дека таа е истата жена.

Во секој случај, Клаудија е задоволна и пресреќна што отишла на наградно патување и го живеела животот на успешна актерка. Што се однесува до нејзиниот изглед, таа е убедена дека убавината на сите згаснува во еден момент, и дека најважно е да се негува убавината внатре, убавината на душата.

 

Loading...

Leave a Reply