Со што всушност се вакцинираше претседателот? Фајзер или Синофарм?

Сподели со своите пријатели

Претседателот на државата Стево Пендаровски денеска во Куманово ја прими првата доза на вакцината против коронавирусот, но како што појаснуваат од неговиот Кабинет станува збор за вакцина од производителот Фајзер.

Loading...

На терен на вакциналниот пунк на прашање од новинарите зад камерите, здравствените работници рекоа дека станува збор за вакцина на кинескиот производител „Синофарм“, но од Кабинетот набргу пристигна соопштение во кое се вели: „Претседателот се вакцинираше со вакцината на „Фајзер“ која е достапна за кумановци во овој вакцинален пункт.“

Кумановски Муабети одлучи повторно да ја провери оваа информација, но и едните и другите останаа на своите претходни ставови, од кабинетот дека е Фајзер, а од лекарите дека е Синофарм.

Од претходно достапните информации вакцините на Фајзер се чуваат на температури од 70 до 80 степени под нулата и услови за нивно чување на пунктовите за масовна вакцинација нема, туку само во Здравствените домови.

Никола Ивановски

Leave a Reply