Нејзиниот пат започнал во јули 2015 година, а завршил во февруари 2017та, откако ги посетиле сите 193 сувереи држави, пренесува „Elite Readers“.
Додека многумина сонуваат за годишен одмор барем два пати во годината, во светот луѓето професионално се занимаваат со патувања секој ден.
Сега сигурно има многу патници кои летаат или се возат од земја во взодух поради уживање, но една жена решила да се впише во Гинисовата книга на рекорди така што ќе ја посети секоја држава на планетата.
Касандра де Пецол има само 27 години и нејзина работа е да патува низ светот како член на „Интернационалната институција за мир и труизам“.
Касандра покрај својата фантастична работа се занимава и со маркетинг, така што рекламира сместувања на својот Инстаграм профил, за да бесплатно престојува во нив.
Вели дека омилените дестинации и се Антарктик, Оман, Исланд, Монголија, Бутан, Перу, Пакистан и Мадливи.
Она што е интересно е што Пецол сите овие локации ги посетила сама. Таа води блог на кој пишува анегдоти од патувањата, но и како успева на тие патувања да тренира, затоа што се занимава со атлетика.