Со проект од 460.000 евра ќе се промовира и заживува Бислим (ФОТО+ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

„Светлина од минатото“ е името на проектот што започнаа да го реализираат Центарот за развој на Североисточниот плански регион во партнерство со Историски Музеј – Дупница од Бугарија, по програмата за прекугранична соработка.

Loading...

Една од главните активностите на проектот е реконструкција и опремување на Задружен Дом во село Пчиња, објект од 200 м2 кој во моментов е руиниран, а кој треба да прерасне во туристичко-промотивен центар на Бислимската Клисура.

– Проектот ќе е две години, со оглед дека е околу 460.000 евра имаме градежни активности, виртуелни тури, дигитализација на културно наследство, 14 активности кои се надеваме за две години успешно ќе ги спроведеме, изјави Младен Протиќ, раководител на Центарот за развој на Североисточниот плански регион.

 

 

Како што кажа градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски, во следниот период од две години регионот ќе добие збогатување на содржините на локалитетот Бислимска клисура.

– Согласно проектот издвоени се 131.000 евра од оваа локација со дополнителни средства ја направиме уште поатрактивна за туристите и посетителите. Бислимската клисура, има своја автентична содржина и секако дека може во иднина да се трансформира во една сериозна регионална, па дури и државна туристичка атракција, изјави градоначалникот Димитриевски.

Loading...

 

 

Министерството за локална самоуправа ќе учествува со 15% од вкупната вредност на проектот. Како што рече заменикот министер Зоран Димитровски, клисурата не е позната за поголемиот дел од граѓаните на државата, но е вистински неоткриен бисер кој може да привлекува туристи од државата  и соседството.

– Преку ИПА програмата морам да кажам дека многу успешно, 100 отсто од проектите од ИПА програмата со Република Бугарија се реализирани, немаме никакви политички пречки иако имаме политички проблеми во односите со Република Бугарија, меѓутоа ова е начин како во соработката со средства од Европската унија и помош преку програмата за прекугранична соработка можеме да ги зблиќуваме лушето и културите, и фактички да придонесуваме заеднички за развој на двете земји, изјави Димитровски.

 

 

Loading...

Инаку проектот опфаќа вкупно 14 точки, меѓу кои и промоција на културното наследство на Бислимската клисура, развој на виртуелна тура, обука и дигитализација на културно-историските наследства.

 

 

Слични активности ќе се спроведат и во соседна Бугарија.

 

 

Loading...

Проектот е започнат на 18 декември минатата година и ќе трае 24 месеци. Вкупната вредност на проектот изнесува 458 365 евра.

 

Никола Ивановски

Leave a Reply