Со посебна програма државата ќе ги стимулира младите лекари да останат во земјава

Сподели со своите пријатели

По добивање лиценца младите лекари од Македонија кои ќе сакаат да продолжат со специјализација ќе добиваат шест месеци по 30.000 денари додека стекнуваат искуство работејќи под менторство на нивните постари колеги, ваква програма е донесена согласно измените на Законот за здравствена заштита.

Loading...

Како што појасни денеска министерот за здравство Венко Филипче при промоцијата на новиот Ургентен центар во Куманово, целта на ваквата мерка е младите лекари да се задржат во земјава, со тоа што ќе бидат стимулирани со пракса која ќе им биде соодветно платена.

Како што посочи Филипче, ваква мерка нема ниту една земја во светот, а истата ќе трае шест месеци.

– искрено верувам дека во текот на следната година ќе обезбедиме и буџет и да се продолжи, а со цел во здравствените институции на примарно ниво, здравствените домови, итната служба, вакциналните пунктови и патронажните сервиси, првин да стекне искуство, работејќи под менторство на постари колеги за што развивме и програма како и што ќе бидат нивните работни обврски и второ финансиски ќе бидат стимулирани со сумата на пари со која се плаќа надоместок за работа на приватни специјализанти, а тоа е 30.000 денари да ја гледаат иднината за својот професионален ангажман и во својата земја, изјави министерот Венко Филипче

Во меѓувреме Министерството за здравство ја заврши физибилити студијата за новиот Клинички центар во Скопје, која е помош од австриската влада.

– Веќе во овој период од следните неколку денови го пуштаме писмото за апликација конкретно до кредиторите и меѓународни финансиски иституции, комерцијални банки, согласно проценката на физибилити студијата. Се надевам и дека според мислењето на луѓето кои имаат искуство во оваа област, во период од најмногу еден месец ние дефинитивните финансиски понуди ќе ги имаме па ќе имаме можност да ја одбереме најповолната, изјави Филипче.

Министерот е убеден дека до крајот на годината ќе бидат поставени темелите на Клиничкиот центар.

Leave a Reply