Со помош на лименки oд пиво ја затоплува целата куќа (фото)

Сподели со своите пријатели

Еден професор по математика и информатика од Параќин, Србија, од празни лименки од пиво направил соларен панел кој температурата на воздухот од минус 5, ја загрева на плус 52 степени Целзиусови, пренесува српски „Курир“.

 

Loading...

Srbin limenka2

 

39-годишниот Дарко Миличевиќ создал мал експериментален панел кој нема сил доволна сила  целосно  да загрее соба, но Миличевиќ за српските медиуми тврди дека овој негов изум функционира.

 

Srbin limenka3

Минатата  зима пребарував на интернет за алтернативни начини на загревање. Најдов премногу различни идеи, а оваа ми привлече најглемо внимание бидејќи ми се чинеше дека е наједноставна. Купив иверка, стиропор за изолација, боја , силикон. Пред зимата плочата ја намонтирав на јужниот ѕид на куќата бидејќи тука сончевите зраци се најсилни – изјавил Миличевиќ.

Srbin limenka4

 

Составот за греење со помош на лименки функционира така што студениот воздух влегува низ отворот на панелот, а во добро изолиран состав го загреваат сончевите зраци во лименките. Воздухот природно се движи и најмногу влегува во куќата низ отвор во ѕидот – објаснил професорот по математика и информатика.

 

Loading...

Srbin limenka5

 

На 31 декември кога температурата надвор била минус 5 степени Целзиусови, во дневната соба на Миличевиќ влегувал топол воздух со температура од 51,8 степени. Недостатокот на овој изум е тоа што работи само кога денот е сончев.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.