Со победа ЖРК Куманово ја отвори новата сезона (фото)

Сподели со своите пријатели

Ракометарките на Куманово со убедлива победа ја стартуваа новата ракометна сезона. Вчеравечер на домашен терен со резултат 33:26 го совладаа составот на ЖРК Пелистер од Битола во рамките на првото коло од женската Суперлига.

 

Loading...

 

Првото полувреме заврши со резултат 15:11 во корист за домашниот состав кој по напорните тренинзи покажа дека може да чекори кон нови победи и зацртаната цел, второто место, веднаш зад вратот на европскиот вицепрвак ЖРК Вардар.

 

 

Одлично темпо на игра кумановки прикажаа и во вториот дел од средбата, за да на крај ја прослават првата победа во новата сезона.

 

Loading...

 

Според тренерот Антонио Ивановски, ЖРК Куманово ќе блеска оваа сезона и очекува се подобра игра во следните кола.

– Секогаш на почетокот на првенството, првото коло, со изненадување, се плашевме, не знаевме со каква екипа ќе дојде Пелистер, беа појачани, но сметам дека девојчињата изиграа се онака како што се договоривме, она што го работевме, брза игра, брз центар, брза завршница на акции, од голманките сум презадоволен, од постарите ракометарки исто така и од младите, не можам никого да издвојам, им благодарам на девојчињата и на прекрасната публика што оваа вечер ни ја направија преубава на сите. Очекувам од коло во коло да играме се подобро и се повеќе младите ракометарки да се приклучуваат кон првата постава и да имаме еден ростер, состав од 10-12 ракометарки кои ќе газат, единствено само со Вардар не можеме да се носиме, вицепрвакот на Европа, другите уште сега велам дека сите ќе ги победиме – Ивановски.

 

 

Со осум поени брилираше капитенот Викторија Пеовска, гол помалку впиша Бранкица Марковиќ, а импресивни резултати оствари и новата голманка на клубот, Ивана Наумовска. Кај поразените најдобра со 12 голови беше Габриела Величковска.

 

 

– Прв натпревар од оваа сезона, се прашувавме како ќе изиграме, бидјеќи е прв натпревар, игравме само два пријателски натпревари, но супер изигравме, ја победивме екипата на Пелистер, што е добар резултат за почетокот на сезоната – изјави Бранкица Марковиќ, ракометарка на ЖРК Куманово.

– Денеска сакав многу да победиме, го добивме овој натпревар, прв натпревар за вашиот клуб и се надевам дека ќе продолжиме со оваа темпо и со овие победи и дека ќе го освоиме ние второто место во Супер лигата – голманката Ивана Наумовска.

 

Loading...

 

Следниот натпревар ракометарките на Куманово го играат веќе в сабота кога силите ќе си ги одмерат со екипата на Деспина.

 

 

 

Loading...