Со „Пасивно пушење“ штипскиот театар настапи на „Денови на комедија“ (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

„Пасивно пушење“ беше претставата што вчеравечер се играше на сцената на Национоалната установа Центар за култура „Трајко Прокопиев“ на третата вечер од Меѓународниот театарски фестивал „Денови на комедија“.

Loading...

Станува збор за претстава по текстот на Небошја Ромчевиќ, во режија на Ненад Витанов. Во комедијата играа: Владимир Тулиев, Пеце Ристевски, Миле Вратеовски, Кристина Атанасова Арсова и Марија Минчева Андонов.

Фестивалот продолжува и вечерва кога пред кумановската публика ќе игра Градско казалиште „Јоза Ивакиќ“ од Винковци, Република Хрватска со претставата „Боинг, Боинг“.

Претставата е според текстот на Марк Камолети, а во режија на Нина Клефлин. Играат: Ведран Дакиќ, Владимир Андриќ, Сања Тот, Јосипа Оршолиќ, Матеа Марушиќ и Зденка Шустиќ. Комедијата започнува во 20 часот.

Во продолжение фотографии од вчерашната изведба на „Пасивно пушење“.

 

 

Loading...

 

 

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

 

 

Loading...

Текст/фото: Никола Ивановски