Педесет и деветгодишник од Охрид со својот автомобил удрил во метален столб со камери за видео надзор на Граничниот премин Табановце.
Loading...
– На 27.04.2025 година околу 18.30 часот во СВР Куманово било пријавено дека на Граничен премин Табановце се случила сообраќајна незгода во која патничко моторно возило „пасат“ со охридски регистарски ознаки управувано од С.Љ. (59) од Охрид удрило во метален столб со камери за видео надзор, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Како што додаваат од полицијата, во незгодата повредени нема, увид извршила екипа од СВР Куманово.
Никола Ивановски